Локални избори

Во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има најмногу советници, но никој нема мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални изботи во Советот на Град Скопје освои 18 советнички места. Следува СДСМ со 12 советници, ДУИ со пет, Левица четири, двајца независни кандидати од „Зелен хуман град“, како и по двајца советници на коалициите Алијанса за Албанците и Алтернатива и ЛДП/ДОМ.

Советот на Град Скопје има 45 советнички места. За градоначалничкото место на Скопје во вториот круг се натпреваруваат Данела Арсовска, независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов, актуелен градоначалник и кандидат на СДСМ. 

Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ е професорот Трајко Славески, а тука се и Владимир Нелоски, Марија Андоновска, Луке Галески, Малиша Станковиќ, Жаклина Шопова, Стефан Андоновски, Александар Трајановски, Емилија Ангелова…

Носител на листата на СДСМ е директорката на Клиниката за пластична хирургија, Софија Пејкова, потоа Мартин Попов, Дрита Исмјали Бафтири, Љубица Јанчева, Горан Арсов, а советник стана и Габриел Бајрам, синот на починатиот лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

„Левица“ во Советот ќе ја предводи Реџеп Исмаил, а „Зелен хуман град“ ќе го застапуваат поранешната советничка од „Левица“, Драгана Велковска и Горјан Јовановски.

Доктор Никола Пановски е нов советник на ЛДП/ДОМ.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе