Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето, напишаа од Зоолошка градина Скопје на нивниот фејсбук-профил.
Вчера соопштија дека добиле подмадок и кај ламите.
На 20 март во скопската зоолошка се родија и три лавчиња.







