Во Скопје за една недела со „пајак“ кренати 239 непрописно паркирани возила од јавни површини

Во текот на изминатата недела во Скопје со „пајак“ се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини, од кои 29 од зонските паркиралишта, а другите 210  возила по налог на сообраќајната полиција за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

„Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 308 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возилo се отстранети со ‘пајак‘ поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето“.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, се додава во соопштението.

 

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе