Во Скопје за една недела пајакот кренал 76 возила

Во текот на изминатата недела, од 13 до 19 март во Скопје со „пајак” се подигнати 76 возила од јавните површини. Од нив 15 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 61 возило поради паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 132 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 15 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. 

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Исто така апелираат сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе