Со донација

Во Скопје се поставуваат уште 60 контејнери за оставање на стакло

Градот Скопје доби 60 нови контејнери за оставање на отпадно стакло кои ги доби како донација во рамките на регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан". Контејнерите утре ќе бидат поставени на локации во Гази Баба и во Аеродром. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека преку оваа донација добиени се вкупно 122 контејнера и ги повика скопјани теглите, шишињата и друг вид на стакло да не ги фрлаат туку да ги оставаат во ваквите контејнери, како што е практика во ЕУ.

Само од овој проект обезбедени се вкупно 122 контејнери за стакло, имајќи ги предвид и претходните 62 кои веќе се распоредени низ нашиот град,  рече градоначалникот Петре Шилегов, заблагодарувајќи му се на ГИЗ, ЗЕЛС и на „Пакомак", како имплементатори на проектните активности.

„Целта е со зајакната отпадна инфраструктура да се дејствува за подигање на свеста на граѓаните за рециклирањето на стаклото како амбалажен материјал. Дополнително, со тоа ќе им се овозможи на ангажираните експерти кои ќе го следат целиот процес, да развијат соодветен модел за рециклажа на стакло, што во иднина ќе биде применлив и во други вакви средини“, порача Шилегов.

Покрај Скопје, со проектот за донирање на контејнери се опфатени и Битола, Гевгелија, Илинден, Штип и Тетово, како и уште осум општини во Србија и Босна и Херцеговина.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе