Во Скопје ќе се организира првата Парада на миленичиња

Во Скопје за прв пат ќе се организира Парада за миленичиња, која е закажана за 13. октомври во период од 13.00 до 22:30 часот.

Првата Шепологија е под мотото „Дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори”, а сето ова е поради тоа што ,,Шепологијата” е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието во 13.00 часот со парадирање до Градскиот Парк, каде пак пред Школка ќе се случува музички хепенинг (DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park, DJ Set C2 Brothers, Ване Маркоски, Skopje Drumline, Беатрикс, Aгенција Моделс ИН, Ресторан Маркт, Крем Кафе, Веган 365) кој ќе трае до 22.30 часот.

,,Шепологија ја нарековме првата парада за миленичиња преку која сакаме да ја покажеме убавата страна на имањето на милениче покрај себе. Долго време се мислевме како да ја раскажеме безусловната љубов на шепастите кон човечкиот род, да покажеме дека активизмот не е само огорченост, туку и многу среќни приказни. Оваа прва парада за миленичиња ќе се одржи на 13.октомври во Скопје”, вели Габриела Димеска, активист на Шепасти ентузијасти.

,,Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблест и хуман”, порачуваат организаторите.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе