Две паради

В сабота во Скопје две манифестации - „Парада на гордоста“ и „Марш на гордоста“

Во Скопје на 29 јуни, сабота, ќе се одржи првата Парада на гордоста. Истиот ден во Скопје е најавено дека ќе се одржи и Марш на гордоста под мотото „Сведоштво за семејството" во организација на повеќе организации обединети во граѓанската платформа Сојуз за живот.

Парадата на гордоста ќе почне на пладне од паркот Жена борец, а ќе заврши во грaдскиот парк. Од МВР информираат дека ќе ги преземат сите потребни мерки парадата да помине без насилство и дека ќе се санкционира секое нарушување на безбедноста и насилство врз учесниците и поддржувачите на парадата.

Собирното место за учесниците на мирниот Марш на гордоста ќе биде платото пред црквата „Света Богородица“ на кејот на реката Вардар, меѓу МНР и МАНУ од 10-11 часот.

„Откако објавивме дека ќе го одржиме првиот Скопје Прајд, евидентни беа обидите со омраза да се засени пораката за еднаквост и да се потцени можноста за зголемување на свесноста за хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Но и покрај тоа, добивме голема поддршка и многумина нè контактираат да ни кажат дека ќе дојдат со нас на 29 јуни, да го изодиме маршот - во спомен на сите борци за човековите права на ЛГБТИ заедницата во минатото, со поддршка на сите маргинализирани групи и борци за човековите права во оваа дестабилизирана сегашност и со идеја за општество каде сите ќе се еднакви - за идните генерации“, порачува Кочо Андоновски од Организацискиот одбор на првата Парада на гордоста во Скопје. Најавено е и присуство на активисти за ЛГБТИ права од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора...

Организатор на Маршот на гордоста е организацијата Млади за Македонија, тука се и повеќе организации обединети во граѓанската платформа Сојуз за живот - Традиционално семејство од Штип, Право на живот од Скопје, движење за организирана духовна обнова на Македонија Додома од Скопје, хуманитарна организација Агапе од Скопје, Светски македонски конгрес, Македонско патриотско суверенистичко движење од Скопје, хуманитарна организација „Свети Спас“ од Скопје, хуманитарна организација Одигитрија од Виница, хуманитарна организација Утешител од Битола, центар за советување и помош на жени Лидија - срце што чука од Скопје...

Млади за Македонија е невладина, непартиска организација, основана и водена од младите, со цел зачувување на уставното име на Република Македонија, македонскиот јазик и идентитет и интегрирање во меѓународните организации, но по принципот на заемна почит.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе