Град Скопје

В понеделник ќе почне реконструкција на повеќе улици во главниот град

Град Скопје најави дека в понеделник ќе почне со целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри, кои, како што се наведува во соопштението од Градот, долги години не биле реконструирани.

Во соопштението на градот е наведено каде ќе се врши реконструкцијата што ќе почне на 20 јануари: улицата Никола Карев, булевар Кузман Јосифовски Питу од раскрсницата со ул. Никола Карев до раскрсницата со ул. Борис Кидрич, реконструкција на булеварот АСНОМ од раскрсницата со бул. Србија до ФФМ, улицата Христо Татарчев од раскрсницата со ул. Народни херои до кружниот тек со бул. Србија, ул. Србија, ул. Тодор Александров, ул. Перо Наков од бул. Киро Глигоров до раскрсницата со ул. Маџари. Реконструирани ќе бидат и улиците Радишанска, Војдан Васил Чакаларов, Волково и улицата Фрањо Клуз.

Програмата и програмските активности на Град Скопје се реализираат преку реални проекти со целосна имплементација, преку креирање брзи и ефикасни сообраќајни решенија и безбедни сообраќајници за граѓаните, како приоритет на кој посветено ќе работи градската администрација во овој четиригодишен мандат, почнувајќи уште од првите 100 дена, наведува Градот.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе