Во општина Кисела Вода собрани 7 тони кабаст отпад

Со акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода во сработка со ЈП Комунална хигиена ја започна вчера, досега во урбаните заедници Црниче и Пржино собрани се 7 тони отпад.

Покрај оваа акција, како што соопштија од Општината, во истите урбани заедници се одвиваат и активности за расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани на тротоарите, улиците и тревните површини. Се средуваат детските игралишта, а се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.

Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема ќе продолжи да се одвива следната седмица во четврток и петок во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница.  

Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за чиста Кисела Вода.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе