Снег во Скопје

Во Општина Центар фрлени 44 тони сол на улиците, најмногу кон Водно

На улиците во атарот на општината Центар од утрово се фрлени 44 тони сол, а внимание се посветува на критичните места, особено во подножјето на Водно, соопштија од Општината и велат дека зимската служба и службите за одржување на хигиената од рано утринава се излезени на терен.

„Со 5 специјални возила за расчистување на снег се чистат коловозите, јавните површини, тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, а на улиците фрлени се и 44 тони сол за превенција од замрзнување на коловозот. Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во текот на денот, а жителите можат да пријавуваат снежни наноси на телефонскиот број 076 381 673“, информираат од Општина Центар.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе