Хаварија во кругот на фабриката

Во ОХИС се излеала цистерна со опасни хемикалии, полицијата го чува влезот

Во кругот на фабриката ОХИС при миење на цистерни се излеала опасна хемиска материја - матенол. Инспектори од Министерството за животна средина и на град Скопје, заедно со МВР и вработени од Дирекцијата за заштита и спасување вршат увид на лице место.

За хаваријата била известена полицијата која ја координира акцијата на санирање на можните сериозни последици од хавријата. Вооколината се шири непријатна миризба. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население.

Метанолот е многу опасна токсична материја.

„Цистерните преку кои се препакувале хемикалиите после процесот треба да се измијат. Тоа и било направено, биле наполнети со вода, но вентилот пукнал и се излеала водата. Не е загрозена почвата бидејќи излевањето се случувало во танкваната, еден вид када, во кругот на фабриката. Сега се собира водата во посебни садови. Станува збор за околу 7 тони вода, која е контаминирана бидејќи со неа се миеле хемикалиите“, велат од инспекторатот на Министерството за животна средина.

Постапката за чистење го врши фирмата „Еко центар 97“. Истата фирма треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе