РЕАКЦИЈА

Во одбрана на Дебар Маало: Судска постапка против градоначалникот Жерновски

Граѓанската иницијатива Во одбрана на Дебар Маало се подготвува да поведе судска постапка против општина Центар и градоначалникот Жерновски поради повеќекратно прекршување на законот во врска со планот за реновирање на спортската сала во Градскиот парк.

И по две години, градоначалникот Жерновски и општината немаат одговорено на доставените забелешки и со тоа директно го кршат Законот за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдува постапката за изработка на урбанистички планови, реагира здружението Во одбрана на Дебар Маало.

„И покрај забелешките за катастрофалните планови, градоначалникот Жерновски и раководството изминативе години непречено усвојуваат неиздржани нацрти за ДУП-ови, издаваат одлуки за градба во отсуство на солидна планска програма и ажурирани податоци од терен, ги инструментализираат иницијативите на жителите и ги игнорираат аргументираните и експертски забелешки.

Одлуката да се гради нова сала на спортскиот клуб Работнички е уште еден пример што повторно отвори прашања за начинот на кој општината Центар и градоначалникот Андреј Жерновски го планираат урбаниот развој на општината.

Парцелата, лоцирана помеѓу стариот и новиот дел од Граскиот парк, е заедничко добро на сите граѓани. Затоа, како жители на општина Центар и на градот Скопје, ги повторуваме во јавноста проблемите што ги имаме воочено околу одлуката за изградба на спортската сала во предвидениот размер, а кои се уредно доставени пред два месеци до општината и повторно премолчени од градоначалникот Жерновски:

•    Парцелата во сопственост на БАУЕР БГ (фирма која ги доби тендерите за голем дел од објектите СК 2014) беше предвидена за катна гаража од 29 метри, а според важечкиот ДУП 3 12 за Градски Парк и дел од Дебар Маало 2 објавен на страната на општина Центар. За направената пренамена немаше никаква објава и расправа, задолжителна во случај на дополнителни промени на парцели од јавен интерес.

•    Проширена е локацијата за градба на салата. Не е јасно кои парцели ќе бидат вклучени во новиот објект и дали ова ќе се случува на сметка на постоечко јавно зеленило.

•    Не е познато дали со закон предвиденото сообраќајнот решение утврдува одржливост на објектот, ниту е јасно дали воопшто е сработено сообраќајно решение со кое ќе се увиди дали постоечката сообраќајна инфраструктура може да го издржи предвидениот нов сообраќај.

•    Одлуката да се гради се донесува и покрај забелешките од жителите доставени во декември 2015 и јануари 2016 година со анкетни ливчиња и на средба со градоначалникот за оваа парцела, но и за севкупниот нацрт ДУП за градска четврт 3 12 Градски парк 1 и дел од Дебар Mаало 2. Едно е јасно, ДУП-от 3 12 не задоволува услови за похумано живеење, една од целите на урбаното планирање уредено со чл.2 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

Процесите и начинот на урбанистичко планирање што доведоа до еден ваков катастрофален проект се олицетворуваат и во начинот со кој раководството на општина Центар продолжува да планира и да гради во градски четврти низ општината.

Нетранспаретни одлуки, спротивни на граѓанскиот и општ интерес и на демократските принципи, се само дел од забелешките што иницијативата Во одбрана на Дебар Маало  веќе две и пол години ги упатува на адреса на општината во раководство на градоначалникот Андреј Жерновски. Меѓу спорните четврти се тие за Градски Парк 1 и Дебар Маало 2 (3 12), Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2 (3 10 ) и Буњаковец 1 и Буњаковец 2 (3 11)“, соопшти Во Одбрана на Дебар Маало и потсети дека предложиле мораториум на градба во населбата сѐ до утврдување на сите неправилности.

Членовите на Советот на општина Центар сѐ уште не одговорија на барањето.

 

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе