Во центарот на Скопје

Во одбрана на Дебар Маало: Парк, а не 60-катници на паркингот пред Холидеј ин

Граѓанската иницијатива Во одбрана на Дебар Маало смета дека на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје треба да има парк, а не две шеесеткатници, како што е според урбанистичкиот план.

„Одлуката на владата да го продаде земјиштето со цел да се изградат 60 - катници е противуставна исто како и изградбата на трговскиот и станбен простор од страна на „Лимак“ на Јужен булевар. Во моментов на граѓаните на Центар прегазено им е уставното право да живеат во здрава животна средини (Скопје е најзагаден европски град) и одлуките кои не одат во прилог на воспоставување на нормални услови за живот се противзаконски. За ваквите одлуки владините функционери и локални власти во иднина ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, сметаат активистите на здружението Во одбрана на Дебар Маало.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пред два дена изјави дека продажбата на парцелата за објектот што се најавува дека ќе се гради кај паркингот спроти хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје и постигнатата продажната цена за земјиштето од 300 евра за метар квадратен е во согласност со Законот за градежно земјиште.

„Сѐ е во согласност со Законот за градежно земјиште, тоа може секој да го провери и ги повикувам сите институции и заинтересирани да го сторат тоа. Согласно Законот за градежно земјиште, на секој кој има повеќе од 30 проценти од парцелата му се дава можност да го откупи градежното земјиште. Така е постапено и во овој случај, а има позитивно мислење и од Државното правобранителство“, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија.

Купувач на парцелата е ДТПУ М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ Обновители ДОО Скопје. Договорот е склучен на 25 октомври со непосредна спогодба согласно член 68 од Законот за градежно земјиште.

Конкретната градежна парцела е отуѓена по цена од 19.200 денари за метар квадратен, за што е уплатена вкупна сума за градежното земјиште во сопственост на државата во износ од 173.721.600 денари во Буџетот на Република Македонија.

Договорот е склучен на 25 октомври годинава и со тоа е направена и продажбата. Тој се склучува помеѓу барателите и Министерството за транспорт и врски, по претходно прибавено мислење од Државното правобранителство на РМ.

Вкупната површина на градежната парцела изнесува 13.653 метри квадратни, од која приватна сопственост е 4.605  метри квадратни, а сопственост на државата изнесува 9.048 метри квадратни.

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ изјави дека тоа земјиште од 27 декември минатата година е влезено во мораториум за градби или одлука за запирање на извршување на деталните урбанистички планови.

На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува постојниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е под мораториум, велат од општина Центар.

„Нема шанси да дозволам да се градат 60-катници на тој простор. Кога ќе се прави планот ќе има јавна дебата и ќе повикаме екперти“, изјави Богдановиќ за МКД.мк.

Изминативе десетина дена, просторот на паркингот и околу него се расчистува од времените објекти, а не работи ниту паркингот со кој стопанисуваше  АД за Стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Рампите за влез и излез од паркингот се кренати и поставен е натпис слободен влез.

Планот кој сега е под мораториум и се ревидира беше донесен на Советот на општина Центар на 21 јуни 2007, со кој се предвидува максималната висина на објектите да е до 300 метри. Планот беше донесен по барање на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за да може да го реализираат таканаречениот проект „Менхетн“.

„Деталниот урбанистички план што предвидува изградба на 60 катници на местото на паркингот спроти “Холидеј ин“ е се уште под мораториум. Откако ќе се донесе новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради, но Богдановиќ вели дека уште не знае колку објекти ќе има и колкава ќе биде нивната висина, бидејќи планот уште се изготвува“, изјави  градоначалникот на Центар.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе