Во очекување на бурата „Андреа” заседава градскиот кризен штаб

Во пресрет на бурата „Андреа“ која што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 мм на метар квадратен, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“. 

На состанокот биле координирани активностите и се поделиле обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и патишта” главните одводни канали во Скопје.

Од кризниот штаб апелираат за исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе