ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во новото училиште „Капиштец“ ќе има и базен

Базенот ќе биде изграден со најсовремен материјал и ќе  има здравствена и хигиенска безбедност според европски стандарди, со секојдневни бактериолошки испитувања на водата. Базенот, кој ќе биде со димензии 12 на 10 метри и длабочина од 0,80 до 2,10 метри, ќе  има соблекувална, тушеви, просторија за вежбање, а водата ќе биде редовно контролирана.  

Ова е едно од барањата на жителите на најголемото населено место Капиштец, на средбите со градоначалникот Жерновски.

Учениците, базенот ќе го користат до 15 часот бесплатно, а во слободните термини ќе можат да се рекреираат и деца од населбата. Во текот на летниот период, учениците од населбата ќе можат слободно да го користат базенот за освежување и рекреација.

Два пати неделно ќе има часови и за децата со церебрална парализа, кои ќе бидат сместени во ова училиште. Општината ги разгледува можностите, во договор со Министерството за труд и социјална политика, да се овозможи рекреација и за други деца со посебни потреби. За првпат на балканските простори ќе има инклузија на децата со посебни потреби и за нив  во училиштето ќе биде предвиден простор со посебен влез и простор за сместување.

Школата за  пливање и професор по пливање се идеите за кои ќе се разговара со родителите  и надлежните институции.

Најсовремено училиште на овие простори, чија градба е во тек, покрај ботаничката градина , пространи посебни кабинети, огромниот хол, фискултурната сала и богата засадена флора, со ова ќе добие уште подобра содржина од претходно одобрениот проект, соопшти општина Центар.

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе