Во неколку скопски општини утре прекин на електричната енергија

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре од 9 до 11.30 часот без електрична енергија ќе останат корисници од  ул. „Алекса Демниевски", подулици: 1, 3, 5, 7 и 9, и делови од улиците „Мајски манифест" и „Ѓуро Салај" во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК, од 9 до 12.30 часот струја ќе немаат и дел од ул. „Козле" во општина Карпош, од 9 до 14 часот – дел од ул. „Знеполе" во општина Ѓорче Петров.

Во истиот период (од 9 до 14 часот) и делови од улиците „Штросмаерова", „Вера Циривири", „Никола Вукмировиќ", „Ѓорче Петров" во општина Ѓорче Петров, ул. „Хо Ши Мин" од бр. 100 до бр. 130 во општина Бутел.

Од 12 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и корисници од ул. „Партениј Зогравски" бр. 74а и бр.35б. во општина Центар, а од 12 до 14.45 часот и од ул.„Алекса Демниевски" подулици: 11, 13, 15, 17, 19, 21 и 23 во Ѓорче Петров.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе