Поради велосипедска трка

Во недела изменет режим на сообраќај околу Скопско кале

Во недела, 22 септември, во периодот од 11.00 до 14.30 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка насловена „Трофеј СКОПЈЕ 2019“, со траса на движење од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност), по должината на улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“.

Како што соопшти МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе