По јануарскиот конкурс

Во МРТ ништо ново, Марјан Цветковски пак избран за директор

Марјан Цветковски, директорот на Македонската радио и телевизија од 2012, останува на таа функција уште три години. По објавениот конкурс за избор на нов директор, Програмскиот совет на МРТ повторно го избра Цветковски. Конкурсот беше распишан пред да му истече мандатот (март) на Марјан Цветковски и пред да се донесе новиот Закон за медиуми.

Стариот состав на Програмски совет на МРТ немаше дилеми во изборот на новиот извршен директор, а за негов заменик избран е Харун Ибраими.

МРТ како јавен сервис, по одлука на директорот и главниот уредник, не ги објавуваше „бомбите“ на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев.

Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе