Кадровски решенија

Во МЕПСО се вработи и сестрата на министерот Бектеши

Сестрата на министерот за економија е последната во низата нововработени лица во МЕПСО. Од компанијата ја потврдија информацијата дека Влора Бектеши, сестрата на министерот Крешник Бектеши, е нивниот нов референт во Секторот за правни и општи работи.

Во одговорот на компанијата се вели дека министерот Бектеши нема законски овластувања да вработува во МЕПСО, ниту pak како министер може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски.

„Влорa Бектеши е вработена во МЕПСО лани во Секторот за правни и општи работи како референт, на оглас на кој се пополнети 23 отворени работни позиции. Целата постапка за вработување е во согласност со Законот за работни односи, а Бектеши на местото референт е избрана меѓу тројца кандидати предложени од стручна комисија.“

Во последниов период во МЕПСО се вработени неколку лица, блиски роднини на високи функционери. Дамјан Бучковски, синот на професорот и поранешен премиер, Владо Бучковски, беше ангажиран во МЕПСО, a договорот беше прекинат на 31 декември откако медиумите напишаа за ова. Бучковски е повратник во редовите на владеачката партија СДСМ и силен поддржувач на политиките на Заев.

Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

Периодов во ЕЛЕМ се вработени и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и синот на архитектот близок до власта, Мирослав Грчев. Од ЕЛЕМ тогаш ги потврдија информациите дека  кадровски се засилиле со Димитар Грчев и Бесија Џафери и дека сѐ било законски.

Засега нема никаква реакција на власта за ваквите кадровски решенија по државните компании.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе