Во „Лајка“ шест кучиња чекаат да бидат вдомени (ФОТО)

Во прифатилиштето на ЈП Лајка им шест кучиња коишто се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Се работи за бездомни кучиња кои по пријава на граѓани биле заловени и го поминале хуманиот третман во прифатилиштето, информира Град Скопје.

 

Како што се наведува во соопштението, тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом, а доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации треба да се обратат во ЈП Лајка на мејл: vdomi@lajka.com.mk или на телефонскиот број 022565859.

 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе