По вчерашната акција на полицијата и инспекцијата

Во кафеаната во Стајковци приведени биле и Владимир Панчевски, Миленко Неделковски, Александар Пандов...

Меѓу вчера приведените 18 лица во кафеаната во Стајковци биле и поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, новинарите Миленко Неделковски и Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

МВР соопшти дека вкупно биле уапсени 18 лица, заради непочитување на мерките за заштита откако во кафеаната после 21 часот биле затекнати повеќе гости.

„На 26 февруари во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на улицата „6“ во селото Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19“, соопшти СВР Скопје.

Во изјава за ТВ Сител Пандов потврди дека бил приведен и дека дури по влегувањето на полицијата во угостителскиот објект забележале дека часот е 21:30, а никој не ги предупредил дека ресторанот треба да се затвори.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе