Во четврток прскање против комарци во Скопје

„Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива во четврток во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција", информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, додаваат од Град Скопје, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско  и терестрично)  против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско  и терестрично) против ларви од комарци.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе