МВР

Во центарот на Скопје времен сообраќаен режим поради снимање филм

Денеска од 11 до 14 часот денеска во Скопје ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев“, од 14 до 18 часот на улицата „Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и од 14 до 17 часот на булеварот „ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта.

Како што соопшти МВР, времениот сообраќаен режим во централното градско подрачје е поради снимање филм, а привремен прекин на сообраќајот од истата причина ќе има и утре, задутре и во понеделник.

Утре од 14 до 17 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на булевар „ВМРО“ на истата локација и во времето од 20 до 23 часот на булеварот „Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од страна на хотел „Дувет“ до пред улицата „Аминта Трети“) во Скопје.

Во недела и понеделник од 17 до 1 часот по полноќ часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.

Од полицијата информираат дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе