Во периодот од 16 до 22 ноември со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 125 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.