Во Центар за една недела казнети 309 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на минатата недела казниле 309 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП ПОЦ.

„Во периодот од 15 до 22 јули, со помош на специјалните возила ‘пајак‘ на ЈП ПОЦ отстранети се 132 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство ‘блокатор‘ санкционирани се 177 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, се вели во соопштението.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе