Во Центар за една недела казнети 216 непрописно паркирани возачи

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар" во соработка со Сообраќајната полиција санкционирале 216 непрописно паркирани возила на територијата на скопската општина во перодот од 8 до 13 јануари.

Со помош на специјалните возила „пајак" биле отстранети 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор" санкционирани се 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници за секторот во кој биле паркирани.

За зголемување на сообраќајната култура, ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе