Во Центар за една недела 182 казни за непрописно паркирање

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 182 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 12 до 18 октомври, со помош на специјалните возила ‘пајак‘ на ЈП ПОЦ отстранети се 84 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство ‘блокатор‘ санкционирани се 98 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштија од ЈП ПОЦ.

Оттаму најавуваат дека заедно со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе