Во периодот од 28 декември до 10 јануари со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и СВР Скопје најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.