ВМРО-ДПМНЕ му предлага на Шилегов да ги затвори парковите и да дели маски и ракавици по автобусите

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ бара од градоначалникот Петре Шилегов да преземе поширок акциски план во рамките на неговите надлежности и градски овластувања за заштита на здравјето на скопјани.

„Барање и носење на одлука за 24 часовно затворање на сите паркови и игралишта за кои е надлежен градот Скопје. Неколкукратно зголемување на капацитетот на јавниот превоз со одлука за редуцирање на патниците во него и одржување на безбедно растојание. Набавка и делење на бесплатни маски и ракавици за корисниците на градскиот јавен превоз. Секојдневно чистење и дезинфицирање на фонтаните и парковите, на справите на кеј и чистење на кејот, туристичките места, автобусите и постројките. Чистење и дезинфекција на катните гаражи и ограничување на работата на дел од нив согласно полицискиот час, за да се стимулираат луѓето да останат дома. Организирање на ликовен и литературен конкурс за младите „Остани дома, спаси живот!” Организирање на акции на комунална хигиена и отворање на број за пријава за подигање на смет. Во соработка со Министерството за образование итно организирање на активна интернет платформа за онлајн учење на средните училишта. Ослободување на деловните објекти и компаниите погодени од корона вирусот од плаќање на данок на имот. Кратење на непродуктивните трошења на градот Скопје и градоначалникот Шилегов.

Напоменуваме дека оваа вонредна состојба и’ овозможува на владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на градот Скопје, како и за управување со нив и во случај на вонредна и кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на состојбата. Така што сега формално надлежностите од Собрание, град Скопје и општините се дадени во рацете на Влада, која пак сега ги остави техничките надлежности и доби вонредна можност да носи одлуки со законска сила.

Се надеваме дека желбата за ПР градоначалникот Шилегов ќе ја замени со желба за работа и суштински и одговорно водење на градот Скопје. Апелираме да се разгледаат овие мерки и истите да се применат, затоа што секој живот вреди“, се вели во соопштението на советниците на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе