Mарјан Митовски
Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
„Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП Улици и патишта и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.
Пред четири дена од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска информираа дека Марјан Митовски е назначен за нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.