ВМРО-ДПМНЕ: Фрустрираната Арсовска остава без леб 100 вработени во „Водовод“

Градоначалничката Данела Арсовска своите фрустрации не треба да ги истура врз недолжни луѓе вработени во ЈП „Водовод и канализација – Скопје". Најавата за отпуштање на 100 лица, од кои дел се наследени од претходното раководствo и работат чесно веќе две па и повеќе години е крајно бесмислен и неразумен потег, реагира ВМРО-ДПМНЕ, која партија, покрај за СДСМ, започна дневно да изадава соопштенија со критики за градоначалничката на Скопје.

„Арсовска неформално позната по реченицата 'од утре да го нема', нареди да ги нема 100 вработени во ЈП 'Водовод и Канализација', оставајќи ги без работа и без егзистенција.Можеби нервозата на градоначалничката е резултат на извештајот на Европската инвестициска банка, која ги негира нејзините обвинувања и потврдува дека тендерската постапка за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е водена правилно. Но нејзините лични чувства не смеат да бидат причина да им се одмаздува на вработените во јавното претпријатие“, реагира партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ; за тоа дека Арсовска не е во право говорат и апелите на гранковите синдикати при ССМ, особено ако се има предвид економската состојба во која се наоѓа државата и егзистенцијата на 100 семејства од платата во ЈП Водовод и Канализација.

„Патем инспекцискиот надзор од пред два месеци направен од страна на Државниот инспекторат за труд во јавното претпријатие увидел кристално чиста состојба, што само покажува дека овие 100 лица совесно и одговорно си ја вршеле својата работа. Оттука сметаме дека Арсовска треба да се вразуми и своите битки да не ги води врз грбот на граѓаните. Скопје и граѓаните од неа очекуваат работа, проекти и модерно Скопје, а не нервозни реакции. Таа треба да ги исполнува своите ветувања за кои е избрана и за кои е платена од народни пари“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе