По вчерашната сообраќајка

Владата за сообраќајката на директорот на МНТ: Лице кое сторило вакво дело не може да извршува јавна функција

За сообраќајната несреќа што се случи вчера Владата најавува дека МВР и сите останати надлежни институции детално ќе го истражат случајот и сите наоди веднаш ќе бидат соопштени.

Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата вели дека секој мора да ја понесе одговорноста според законот за она што го сторил независно од неговата функција. „Лице кое го довело во опасност животот на друго лице и сторил ваков прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција“, го пренесе ставот на Владата Бошњаковски.

Вчера околу 19 часот во скопската населба Кисела Вода директорот на МНТ Д.С. (54) предизвика сообраќајна несреќа удирајќи со неговото возило БМВ во Е.С., девојка на 27 години. Полицијата го проверува процентот на присуство на алкохол во крвта кај шоферот.   

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе