Владата оддели 1 милион евра за чистење на линданот во ОХИС

На вчерашната седница Владата донесе одлука да одвои еден милион евра од годинешниот буџет за чистење на малата депонија на канцероген линдан во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС во Скопје. За чистење на оваа депонија потребни се 6 милиони евра кои се обезбедени со меѓународни донации.

Парите ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (UNOPS), со која Владата на Северна Македонија и Кралството Норвешка, подготвија план за „Поддршка на Кралството Норвешка и Владата на Северна Македонија за чистење на еколошкото жариште ОХИС“, соопшти Владата.

Рокот за пријавување на тендерот за „отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“ е 11 ноември. Тендерот го објави Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО).

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе