Владата ќе помогне во проектот Скопје да добие автобуско метро

На денешната владина седница беше усвоена информацијата за воведување на БРТ (Bus Rapid Transit) на територијата на град Скопје, што претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен или хибриден погон (плин и електромотори).

Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја почне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект, соопшти Владата.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе