„Вкуси ја традицијата“ – во Градски парк прв национален саем за храна и пијалаци

Под мотото „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“ денеска пред езерцето во скопскиот Градски парк ќе се одржи Првиот национален саем за храна и пијалаци.

На саемот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Слоу Фуд Македонија.

Според МЗШВ, ова е прв саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија. Тие заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.

На просторот во Градски парк, ќе бидат поставени над 200 штандови со производи, ќе се подготвува вкусна традиционална храна од познати готвачи, а предвидено е и детско катче, со цел на децата одблизу да им се претстават домашните земјоделски произвоиди, храна и пијалаци.

Посетителите ќе можат да уживаат и во звуците на Љубојна, Тајфата и диџеј Мац.

Саемот „Вкуси ја традицијата – прв национален саем за храна и пијалаци“ ќе биде отворен од 11 до 16 часот. За сите посетители, влезот е бесплатен.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе