Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 18.05.2019 (авионско) и 19.05.2019 (терестрично). 

„Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, на подрачјето на град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден”, соопштија од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. 

Истовремено, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе