Викендов изменет сообраќаен режим во Скопје поради автомобилска трка

Утре и задутре (сабота и недела) во периодот од 07.00 до 17.00 часот, во организација на Автомобилистичка федерација, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ФИА-ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“, поради што ќе биде изменет сообраќајниот режим во градот.

Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул.„Крсте Петков Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, право до крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и  ул.„Беласица“, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе