И побезбедно и здраво

Велосипедско дефиле на Денот без автомобили

Голем број граѓани учествуваа во големото велосипедско дефиле што денеска се возеше по улиците на Скопје, по повод Денот без автомобили - 22 септември и крајот на Европската недела на мобилност 2021. Дефилето тргна од паркот „Ибни Пајко" и се движеше низ градските улици до целта, Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг.

Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Безбедно и здраво со одржлива мобилност", а во нејзиното одбележување се вклучија над 2.700 градови од над 50 држави од Европа и од светот.

Годинешната кампања организирана под мотото „Движи се одржливо, остани здрав" има за цел да оддаде почит на справувањето со пандемијата со ковид-19 и да укаже дека има други можности со почитување на природата.

Градовите низ светот воспоставија креативни одговори на пандемијата заради што оваа година, Европската недела на мобилноста ја слави издржливоста на градовите и нивните достигнувања во обид да ја пребродат кризата што е можно побезболно.

Градот Скопје по 11.пат се придружи на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста, а на денешното дефиле се приклучи и градоначалникот Петре Шилегов.

Во велосипедските паради по градските улици и булевари во Велес, Прилеп, Скопје, Струмица, Битола и Берово се приклучија и повеќе граѓани, кои со своето присуство покажаа дека користењето велосипеди и пешачењето стануваат сѐ поприфатени како поздрави и поекономични начини на движење низ урбаните средини.

„Европската недела на мобилност се одржа од 16 до 22 септември, под покровителство на МЖСПП како национален координатор, при што годинава и покрај сериозните потешкотии и ограничувања што ги наметна состојбата со Ковид-19, во одбележувањето официјално се вклучија седум градови низ државава, и тоа Велес, Скопје, Берово, Прилеп, Битола, Кочани и Струмица, се разбира во согласност со епидемиолошката ситуација на локално ниво и со почитување на важечките здравствени протоколи, наведуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 3.042 градови од 53 држави од Европа и светот.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе