Велосипедски караван „Скопје на точак 2019"

Вториот велосипедски настан „Скопје на точак" ќе се одржи денеска кај фонтаната „Лотос" на булеварот „Илинден", со правец на движење кон ТЦ „Сити мол". Покровител е Град Скопје, а организатор Сојузот на спортови на Скопје.

Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час, а учесниците ќе бидат предводени од полицијата и организаторот.

Според програмата, од 11 до 12 часот се предвидува поделба на стартни броеви-лепенки за велосипед. Стартот на караванот е во 12:00 часот на булеварот „Илинден”, кај фонтаната „Лотос”, со правец на движење кон „Сити мол”. Учесниците ќе возат по улицата „Љубљанска”, булеварот „Партизански одреди”, се до зградата Тифани, по булеварот „ВМРО”, преку мостот „Гоце Делчев” и по булеварот „Гоце Делчев” се вози до Судска палата, каде се врти десно на булеварот „Крсте Мисирков" и долж булеварите „Кочо Рацин” и „Кирил и Методиј”. Се вози до крстосницата со булеварот „Климент Охридски” каде се врти десно и се вози се до крстосницата со бул „Илинден” каде се врти лево и се завршува пред фонтана „Лотос” во Градски парк.

Се предвидува караванот да заврши во 12:30 часот, а потоа ќе има лотарија и велосипедски дружења.

Ќе биде воведен и посебен режим на сообраќај поради велосипедската трка. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по улиците каде ќе се одвива трката. 

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе