Протест

Вечерва пред Парламентот „Правда за Саздо“

Неколку стотина граѓани денеска се собраа вечерва пред Собранието во знак на протест и да изразат жалење за смртта на Никола Саздовски-Саздо (21) член на навивачката група „Комити“. Неговите пријатели и навивачи на „Комити“ донесоа знаме со ликот на Саздовски и го закачија на заштитната ограда на Собранието. Протестот се одвива во тишина.

На собирот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој дојде облечен во дрес на фубласкиот клуб „Вардар“. Мицкоски запали свеќа и по оддавањето почит, го соблече дресот и го остави на масата на која имаше фотографија со ликот на Саздовски. Меѓу присутните беше и Солза Грчева, лидерка на партијата „Глас за Македонија“.

На групата млади им се приклучија и случајни минувачи и граѓаните што со денови ја блокираат улицата пред Собранието, протестирајќи против промената на името.

Саздовски беше крвнички претепан на 29 јуни во населбата Автокоманда од тројца насилници. Тепачите се членови на навивачката група „Шверцери“. Двајца од нив се притворени, а третиот е се уште недостапен на полицијата. Саздовски почина вчера на КАРИЛ, а денес беше погребан на гробиштата во селото Ракотинци.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и кривичното дело да не се води како насилство. Тие ја обвинија власта дека се обидела да го сокрие случајот.

МВР вчера соопшти дека случајот е расчистен и дека не можат да го преквалификуваат делото, бидејќи тоа е работа на Обвинителството. СДСМ реагира на обвинувањата на опозицијата дека „бесрамно злоупотребува трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните“.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе