Веб-страниците на министерствата за здравство и за образование веќе трет ден не функционираат

Трет ден како веб-страниците на Министерството за образование и наука и Министеството за здравство не функционираат, а одговорноста за тоа ја преземаа македонските Анонимуси. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

„Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, министерството за смрт. После сѐ што видовме со наши очи не можеме, а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат Министерство за здравство каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат. И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви спуштаме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, стои во пораката која ја испратија хакерите.

Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави вечерта кога беа хакирани веб-страниците на овие министерства.

Одговорноста за овие хакерски напади ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD, а која призна дека е одговорна за паѓањето и на страницата на Тајм.мк на денот на изборите, 15 јули.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе