Град Скопје

Вчера засадени, ноќеска украдени новите дрвца кај Поликлиниката „Чаир“

Непознати сторители изминатата ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден, соопштија од Град Скопје.

Со кражбата, според Град Скопје, е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

„Екипите на Градот Скопје и на ЈП ‘Паркови и зеленило‘ деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови. Во оваа есенска акција за засадување дрвја, на местото на украдените садници пред Поликлиниката ‘Чаир’ ќе бидат засадени нови садници.

Засадувањето дрвја е приоритет на Градот Скопје како влог за чиста и здрава животна средина. Скопје и скопјани заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе