Од 19 март, први летови

Вчера од скопскиот аеродром полетаа 448 патника, а пристигнаа 292

По три и пол месеци вчера првите патници пристигнаа и заминаа од скопскиот и охридскиот аеродром. На аеродромите се применуваат новите правила за патување со цел заштита од ковид-19.

На Меѓународниот аеродром Скопје вчера пристигнаа 292 патника, а од него полетаа 448, додека на „Апостол Павле“ во Охрид допатуваа 38, а замина 144 патници.

Прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници, а веднаш по него, слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.

Први полетаа авионите за Стокхолм, Келн и Бремен, со авиокомпанијата Визер.

Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот, кој траеше од 19 март до 30 јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4.531 патници. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе