Над мостот, над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до зградата на ПИОМ. После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.
Во соопштението на ЦУК се вели дека кај мостот во градба до хотелот „Русија", нивото на реката Вардар е драстично покачено. Екипи на надлежните институции, Градот Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи веднаш излегоа на терен.
Повикани беа и надлежните од фирмата изведувач на проектот за преземање на соодветни мерки за надминување на проблемот и ако е потребно и за отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито.