Негрижа на надлежните или несовесност на жителите

Вардар кај Долно Лисиче пожолте, околу него со години смет, ѓубре и смрдеа (ФОТО)

На социјалните мрежи денес беше објавено кусо видео направено од мостот на реката Вардар кој се наоѓа помеѓу Долно Лисиче и Јурумлери. На видеото се гледа дека водата на реката Вардар има необична боја, односно обоена е портокалова. Освен очигледната загаденост на водата, овде на ова место околу реката има депонија која со години е грда слика околу ова место. Екипата на МКД.мк пред некое време направи и фотогалерија и побара одговор од општина Аеродром за овој проблем. 

На местото каде се шири одвратна смрдеа, а на сите страни има расфрлено запалени гуми, смет, бела техника и остатоци и пцовисани животни, денес беа и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и градоначалникот на општина Гази Баба. 

Реката Вардар ги поврзува двете општини, од една страна општина Аеродром, од другата општина Гази Баба. Ѓубре има и на едната и на другата половина.

Надлежните од „Водовод и канализација“ и градоначалникот Борче Георгиевски на социјалните мрежи преку фотографии известија дека биле на местото, дека се земени мостри од водата и дека ќе се утврдува од што е предизвикано загадувањето. 

„Денеска екипите и техничарите од лабораторијата на ЈП Водовод и канализација - Скопје, заедно со градоначалникот на општина Газа Баба, како и претставници од државната инспекција, излегоа на терен со цел да соберат примероци, врз кои ќе се врши детална анализа поврзана со загадувањето на реката Вардар. Овие анализи треба да откријат колкаво е загадувањето на реката Вардар од што е предизвикано и од каде е настанато истото“, напишаа надлежните на Фејсбук. 

Но, за да земат мостри мораше да минат низ депонијата и да ја почувствуваат смрдеата која со години се шири веднаш до оваа река. 

Честа слика во ноќните часови на ова место е и оган и густ чад кој е предизвикан, најверојатно од палење на гуми за што сведочат и остатоците на нашите фотографии. 

„Општина Аеродром редовно спроведува активности за расчистување на дивите депонии. Детектирани се сите депонии и во континуитет се работи на нивно отстранување во соработка со ЈП „Комунална хигиена" и во изминатиот период расчистивме околу 40 депонии. За жал, има несовесни граѓани кои фрлаат отпад на места кои не се наменети за тоа. Нашите комунални и инспекциски служби спроведуваат редовни контроли на теренот. Исто така, за прв пат во тек е тендерска постапка за избор на фирма за чистење вакви депони и по завршувањето на постапката посочената локација веднаш ќе биде расчистена. Дежурната телефонска линијаа останува отворена за граѓаните, кои можат да ги исконтактираат инспекторите секој работен ден од 8:30 до 22:00 часот, и во викендите од 8:00 до 16:00 часот“, ни одговорија од општина Аеродром. 

Но, и по неколку месеци сликата на терен со ѓубрето е иста, а денес сме сведоци и на загадување на реката Вардар во близина на оваа депонија. 

 

Помор на риби поради загаденост на водата во Вардар утрово е забележан и по течението на реката од населбата Аеродром до Трубарево.

Жителите на населбата Аеродром утрово во Центарот за управување со кризи пријавиле дека забележале голем помор на риби во реката. По пријавата екипи од Инспекторатот на Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација" излегле на терен, при што првичните сознанија се дека загадувањето на реката доаѓа од индустриските капацитети во кругот на поранешната фабрика „Железара".

Фото: Роберт Атанасовски

К.Д.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе