Иста слика со години, негрижа или несовесност

Вардар кај Долно Лисиче пак пожолте, околу него истото ѓубре и смрдеа (ФОТО)

Реката Вардар кај Долно Лисиче пак пожолте. Иста слика со загадената река која и денес е обоена и очигледна е загаденоста на ова исто место беше забележана и во септември, минатата година. Освен загаденоста на водата на околу мостот кој ги спојува Долно Лисиче и Јурумлери со години стои смет и ужасна смрдеа. Екипата на МКД.мк во неколку наврати се обраќаше до надлежните во општина Аеродром каде испративме и фотографии кои ги објавивме, но сликата и денес не се менува. Надлежните треба да одговорат кој и зошто ја предизвика ваквата слика денес. 

„Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра“, велат од Инспекторат на Град Скопје. 

На местото каде се шири одвратна смрдеа, а на сите страни има расфрлено запалени гуми, смет, бела техника и остатоци и пцовисани животни... 

Оваа депонија ја гледаат и надлежните кои доаѓаат на терен кога вака како денес водата на реката Вардар ќе пожолти и ќе биде загадена. 

Огромниот простор наместо да биде убаво уредено место, со години е обраснат во трева , посеан со ѓубре и е потенцијален извор на зараза. 

Реката Вардар ги поврзува двете општини, од една страна општина Аеродром, од другата општина Гази Баба. Ѓубре има и на едната и на другата половина.

Кога минатата година Вардар беше во иста состојба како и денес на терен беа надлежните од „Водовод и канализација" и градоначалникот Борче Георгиевски кои за увидот објавија и фотографии на социјалните мрежи. 

Освен тоа дека била на увид за да утврдат што се случува со Вардар, надлежните во позадина на фотографиите ја овековечија и ужасната долгогодишна депонија. 

К.Д.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе