ЈСП информира

В сабота и недела времен режим на мостот „Гоце Делчев“, автобусите ќе се пренасочуваат

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека утре и задутре во периодот од 5 до 17 часот поради градежни зафати, на мостот Гоце Делчев ќе биде воведен времен сообраќаен режим, а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени. При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постојните постојки на трасите.

Утре, затворен за сообраќај ќе биде мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад), при што линиите 2, 2А, 8, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 во правец од исток према запад од булевар „Гоце Делчев“ ќе вртат лево по улица „Филип Втори Македонски“ (МНТ), па десно по булевар „11 Октомври“, по улица „Димитрија Чуповски“, потоа десно по булевар „Васил Главинов“ и од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ секој продолжува по својата траса.
Во обратна насока, од запад кон исток, сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

В недела, линиите 2, 2А, 8, 12 и 19 во правец од запад кон исток од булевар „Партизански одреди“ ќе вртат десно по булевар „Васил Главинов“, лево по улица „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), булевар „11 Октомври“, кај Градска болница лево по улица „Филип Втори Македонски“ (МНТ) и потоа секоја линија продолжува по вообичаената траса.

Линиите 11, 11А, 18, 32, 56, 56А и 60 во правец од запад кон исток од булевар „Партизански одреди“ ќе бидат пренасочени десно по булевар „Васил Главинов“, лево по булевар „Димитрија Чуповски“ (Рекорд), по булевар „11 Октомври“, постојка Зелен пазар и на крстосницата кај Црвен крст ќе вртат лево по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) од каде ќе продолжат до Транспортен центар.

Во обратна насока, од исток кон запад, сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

 

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе