В понеделник прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека во понеделник ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во текот на денот.

Оттаму им порачуваат на пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе