ОПШТИНА АЕРОДРОМ

В петок традиционалната 21.Мичуринска средба

Општина Аеродром и годинава ќе ја поддржи традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба", а која годинава ќе се одржи по 21.пат.

Централната манифестација е закажана за петок, 13 јануари, во 19 часот на платото во паркот во населбата Мичурин.

Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата.

За цело време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет.

Во рамките на овогодишната Мичуринска средба е предвидена и детска програма, која ќе почне од 17 часот, додека во одбележувањето на празникот Василица ќе се придружи и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството , информираат од општина Аеродром.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе