В недела протестен марш под мотото „Да го спасиме Водно“

Неформално граѓанско здружение за спас на Водно загрижено од засиленото уништување на парк-шумата Водно, интензивните градежни активности на неколку пункта на падините на Водно, како и од најавите за реализација на нови проекти со кои ќе се изврши натамошно деградирање на природната средина на планината, ги повикува граѓаните да го изразат своето незадоволство, придружувајќи се на вториот протестен марш, закажан за недела 9 февруари.

Протестниот марш, под мотото „Да го спасиме Водно“ ќе почне во 10 часот наутро од пред основното училиште Кочо Рацин, од каде што учесниците пеш или со велосипеди ќе се упатат кон врвот на Водно. Собирот ќе се одржи пред планинарскиот дом на врвот на Водно во 12.30 часот. Од собирот ќе биде упатен проглас до надлежните локални и државни органи, во кој ќе биде побарано веднаш да се престане со урбанизацијата и безмилосното уништување на парк-шумата Водно, известуваат од Неформално граѓанско здружение за спас на Водно.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе